Alma Çekovic
11 Април 2016•Ажурирај: 11 Април 2016
ЛОНДОН (АА) – Некогашниот фудбалер на Ливерпул, Џејми Карагер, смета дека Манчестер Јунајтед назадува под водството на Луј ван Гал, со што не очекува дека холандскиот стручњак ќе остане на Олд Трафорд доколку не се избори за четвртото место до крајот на сезоната, пренесува Anadolu Agency (AA).
Коментирајќи го вчерашниот порaз на “црвените ѓаволи” против Тотенхам 3:0, легендата на “редси” истакна дека Јунајтед под водство на Ван Гал не покажува напредок.
“Изгледа како да се уназадуваат. Кога станува збор за Луј ван Гал, не го гледам во наредната сезона во клубот, доколку не се избори за четвртото место”, изјави Карагер.
Како што рече тој, Јунајтед е “поголем клуб од Тотенхем, кој во моментот има подобри играчи”, но, додаде дека е загрижен поради зборовите на менаџерот на крајот од натпреварот рече, “Тотенхам можеше да постигне пет или шест гола, а Ван Гал изјави дека е задоволен со начинот на кој му се спротиставија на Тотенхем. Да бев навивач на Јунајтед ќе бев загрижен за зборовите на менаџерот - ‘пред првиот гол, пруживме добра партија’”, додаде Џејми.
Јунајтед моментално е петти по ред на табелата на англиската Премиер лига, и има четири бода помалку од градскиот ривал Сити, на местото кое води до најелитниот клубски натпревар во Лигата на шампиони.