Dejan Maksimoviç
14 Мај 2016•Ажурирај: 15 Мај 2016
ЛОНДОН (АА) - Луис ван Гал, за британските медиуми, рече дека би требало да остане менаџер на Манчестер Јунајтед и следната сезона, јавува Anadolu Agency (AA).
Холанѓанецот не даде никаква гаранција дека ќе остане на клупата на "црвените ѓаволи" до крајот на неговиот договор, му трае до следното лето. Сепак, тој не мисли самоиниицијативно да ја напушти својата клупа, без оглед што пласманот во Лигата на шампионите во пресрет на последното коло од Премиер лигата е многу далеку.
„Реков дека ќе останам тука, ова е мое мислење, а на одборот на клубот останува да одлучи дали ќе биде така" рекол Ван Гал.
Холандскиот тренер од декември минатата година е под силен притисок на англиската јавност. Многу медиуми го отстранат и на негово место за следната сезона го доведоа Жозе Мурињо. Фактот дека веројатно нема да се исполни целта и нема да го однесе клубот во Лигата на шампионите уште повеќе го зголемува притисокот врз него.
„Играме во финалето на ФА Купот и се уште сме во игра за Лигата на шампионите. Колку клубови има што се во таква ситуација? Многу малку. Нашата цел беше да се квалификуваме за Лигата на шампионите. Се разбира, може да се каже дека Манчестер Јунајтед треба да биде шампион. Знам дека очекувањата беа такви, но мислам дека тоа не е реално", заклучува Ван Гал.
Од доаѓањето на работа во Јунајтед во 2014 година, Ван Гал потроши големи пари за играчи, но не освои ништо. Оваа сезона има шанса да го освои ФА Купот, кој ќе биде прв трофеј на Мачестер од напуштање на Сер Алекс Фергусон во 2013 година.