Blerim Krasniqi
13 Мај 2016•Ажурирај: 13 Мај 2016
ПРИШТИНА (АА) - Претседателот на Косово, Хашим Тачи, по повод приемот на Косово во ФИФА, им се заблагодари на сите соработници на ова достигнување. Исто така честитки упати и косовскиот премиер, Иса Мустафа , јавува Anadolu Agency (AA).
На својот Фејсбук профил Фејсбук, Тачи рече дека "Европа е премногу мала за нашите големи таленти. Членство во ФИФА денеска, на крајот создава нова основа за промовирање на косовскиот фудбал во светски натпревари. За време на изолација 25 години, имаме дадено многу таленти на национални и светски тимови. Денес, тие имаат свое место во репрезентацијата на Косово. Јас сум му благодарен на секој кој работел за членството на Косово во ФИФА ".
Косовскиот премиер Мустафа во својата порака преку која упати честитки за членството на Косово во ФИФА, на својот Фејсбук напиша:
"Косово само што стана член на семејството на светскиот фудбал, ФИФА. Успесите за нашата земја не престанаа. Наскоро ќе ви донесе уште една добра вест. 2016-та година есомнено е нашата година. "