Zülfiya Yakup
08 Ноември 2018•Ажурирај: 09 Ноември 2018
ПРИШТИНА (AA) – Дијалогот за постигнување на правно обврзувачки договор помеѓу Косово и Србија нема да биде лесен, но тоа е најдобра можност да се оди напред кон европската перспектива, изјави претседателот на Косово Хашим Тачи, јавува Anadolu Agency (AA).
Дијалогот за постигнување на правно обврзувачки договор помеѓу Косово и Србија нема да биде лесен, но тоа е најдобра можност да се оди напред кон европската перспектива, изјави претседателот на Косово Хашим Тачи во Брисел пред почетокот на продолжувањето на дијалогот со посредство на високата претставничка на Европската унија (ЕУ), Федерика Могерини.
Тачи на новинарите им рече дека вечерашниот состанок со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, е уште еден во низата средби во рамките на финалниот процес во обид за изнаоѓање можност за постигнување конечен договор помеѓу државата Косово и Србија.
Косовскиот претседател истакна дека тој договор би бил правно обврзувачки на меѓународно ниво за двете страни и дека тоа би бил „сеопфатен договор кој подразбира заемно признавање и можност за зачленување на Косово во Обединетите нации".
„Знам дека нема да биде лесно. Напротив, има потешкотии, има пречки, судири, но постигнување на договор е најдобра можност да се оди напред кон европската перспектива за двете земји и нашите народи. Затоа ќе направиме максимални напори да ги приближиме ставовите во интерес на постигнување на договор", рече Тачи.
Намерата на Косово, додаде тој, е да има добрососедски односи со сите земји, како и со Србија, за влезат во правецот на НАТО и ЕУ, и да ја отворат глобалната перспектива за државата Косово.
Како што претходно е најавено од Брисел, најпрвин ќе бидат одржани билатерални средби ЕУ-Косово и ЕУ-Србија, а потоа ќе следува заедничка работа вечера на сите три страни.