Admir Fazlagic
09 Ноември 2018•Ажурирај: 10 Ноември 2018
СКОПЈЕ (АА) - Пред точно три години, на 9 ноември 2015 година, турската новинска агенција Anadolu Agency (AA) отвори сервис на македонски јазик, со седиште во Скопје, од каде што се објавуваат вестите и на албански јазик.
Во текот на изминатите три години, Сервисот на AA на македонски јазик, со објавувањето вести од сите страни на светот, проследени со фотографии и видеосодржини, стекна активна улога во македонскиот медиумски простор, вклучително и кај читателите од регионот и пошироко.
Од основањето на Сервисот на АА на македонски јазик досега, објавени се 39.310 вести, 16.170 фотогалерии и 9.427 видеозаписи.
Секојдневно, од канцеларијата на АА во Скопје се објавуваат над 120 вести на македонски и на албански јазик, проследени со фотографии, видеосодржини, како и инфографика.
Новинската агенција Anadolu Agency (AA) има историја долга над девет децении. АА е меѓу десетте најголеми агенции во светот, која објавува вести на 13 светски јазици. Освен на македонски и албански јазик, се објавуваат вести и на турски, англиски, арапски, персиски, БХС (босански, српски, хрватски), руски, курдски (дијалектите сорани и курманџи), француски, индонезиски и шпански јазик.
АА е меѓу десетте најголеми агенции во светот, која на 13 јазици дневно реализира над 3.000 објави на вести, фотогалерии и видеосодржини.