Amina Zorniç
11 Декември 2016•Ажурирај: 12 Декември 2016
БРИСЕЛ (АА) - Фоторепортерот на Anadolu Agency (AA) ги забележа бајковитите сцени долж улиците на белгиската престолнина, во пресрет на престојните новогодишни програми, јавува Anadolu Agency (AA).
Плоштадот Света Катерина и Големиот плоштад во Брисел се преполни со голем број граѓани и туристи што доаѓаат за да ги фотографираат несекојдневните божиќни и новогодишни украси. Улиците особено заживуваат ноќе.
Во забавните паркови за деца, широките лизгалиштита и рингишпилот, на тезгите се продаваат празнични декорации, а стотици граѓани уживаат во атмосферата.
Новогодишнaтa поставка, во чиј центар се високите елки, украсенa е со илјадници светилки и разнобојни рефлектори, со неизбежниот мотив на ирваси и снегулки.
Празничната атмосфера се чувствува и во излозите на бриселските продавници, уметнички галерии, книжарници и ресторани.