Hajer M'tırı
08 Ноември 2016•Ажурирај: 09 Ноември 2016
ПАРИЗ (АА) - Француските медиуми пренесуваат дека Белгиец со мароканско потекло - кој моментално се бори во Сирија - беше идентификуван како еден од координаторите на нападите во Париз и Брисел, пренесува Anadolu Agency (AA).
Осама Атар (32), кој претходно беше поврзан со терористичките напади во Брисел, сега се доведува во врска и со нападите во Париз кои се случија во ноември минатата година. Истражителите веруваат дека е член на терористичката организација ДЕАШ и дека моментално се наоѓа во Сирија.
Неговиот прекар, Абу Ахмед, беше споменат неколкупати во белгиските и француските истраги.
„Зад овој прекар се крие единствениот идентификуван координатор со седиште во Сирија, кој остави трага за негово учество во низата напади”, пишува „Ле Монд“.
Францускиот неделник „Л' Експрес“, повикуваќи се на свои извори, објави дека не е во потполност сигурно дали Атар бил оној кој издавал наредби за извршување на нападите во Париз и Брисел, но бил еден од лидерите по кого се трага.
„Л' Експрес“ го опиша Атар повеќе како координатор отколку како заповедник , кој на терористите им пружал логистичка помош и пари од неговата база во Сирија.
Најмалку 130 лица загинаа, а стотици беа повредени во координираните вооружени напади во Париз кои се случија на 13 ноември 2015 година.
Неколку месеци подоцна, на 22 март 2016 година, во самоубиствените напади извршени на аеродромот „Завентем“ и метро станицата „Малбек“ во Брисел загинаа 32 лица, а 270 беа повредени. ДЕАШ презеде одговорност и за двата напада.