Ali H. M.Abo Rezeg
04 Јуни 2017•Ажурирај: 05 Јуни 2017
БАГДАТ (АА) - Најмалку 32 припадници на ирачките безбедносни сили се убиени во напади на терористите на ДЕАШ во Мосул во изминатите 24 часа, јавува Anadolu Agency (AA).
Офицерот на ирачката војска Али Ал Карбалаи за АА изјави дека 12 војници се убиени во самоубиствените напади што ги извршија тројца припадници на ДЕАШ врз позициите на здружените ирачки сили.
Уште 13 војници се убиени во низата бомбашки напади кои ги извршија терористите во областа Занџили, во западниот дел на Мосул, кој е главно упориште на ДЕАШ во Ирак.
Ал-Kaрбалаи изјави дека бомбашот-самоубиец со автомобил бомба во населбата Баб Синџар убил најмалку седум војници и уништил конвој од 11 возила на ирачките сили.
Терористите на ДЕАШ од летото 2014 година го контролираат вториот по големина ирачки град Мосул. Три месеци од почетокот на акциите, обединетите ирачки сили поддржани од страна на меѓународната коалиција во јануари го ослободија источниот дел на Мосул, а на 19 февруари започнаа и акција за ослободување на центарот на градот, кој се наоѓа на западниот брег на реката Тигар.
Мосул во Ирак и Рака во Сирија се познати како двете најголеми упоришта на терористите на ДЕАШ.