İdris Okuducu,Hemn Baban
09 Јули 2016•Ажурирај: 10 Јули 2016
ЕРБИЛ (АА) - Ирачката војска од терористичката организација ДАЕШ, го ослободи воената база Кајарах, на јужниот дел на покраината Мосул, во Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Како изјави претседателот на комисијата за безбедност и одбрана во Нинава, во Ирак, Мухамед Ибрахим, рачката војска утрово од различни страни го нападна местото Кајарах, која од центарот на Мосул е одалечена 60 километри.
Ибрахим истакна дека воената база која е од стратешка важност е ослободена.
Тој додаде дека е ослободео значајно подрачје и дека од сега хеликоптерите кои ќе учествуваат во акција на ослободување на Мосул, ќе слетуваат на оваа база, што ќе биде од голема важност за припадниците на безбедносните сили на Ирак.