Ekip
09 Јули 2016•Ажурирај: 10 Јули 2016
ПЕКИНГ (АА) - Повеќе од 420.000 лица се евакуирани откако денес тропска бура ја зафати источна Кина и предизвика прекин на стотици летови и железнички услуги, јавува Anadolu Agency (AA).
Силни дождови и ветар со јачина од околу 100 километри (62милји) на час беа забележани во покраината Фуџиан, ден откако тајфунот Непартак во Тајван предизвика свлечиште во кое загинаа три лица.
Државната новинска агенција Џинхуа објави дека жителите на четири градови се евакуирани вклучувајќи го и покраинскиот град Фуџоу како и дека се затворени пет аеродроми.
Речиси 400 летови и 5.000 автобуси како и повеќе од 340 возови со голема брзина се откажани.
Неколку згради се пријавени дека се распаднати, додека свлечишта ги погодија руралните и планинските подрачја.
Џинхуа изјави дека тотален број од 43 лица е пријавено дека се спасени од две поплавени згради.
Копното се подготвува за Непартак по повеќенеделните силни дождови во кои загинаа најмалку 160 лица а повеќе од 20 се водат сеуште за исчезнати.
Бурата претходно како што го зафати Тајван со ветрови од брзина од околу 190 километри на час беше категоризирана како тајфун.