İdris Okuducu,Hamit Hüseyin
09 Март 2016•Ажурирај: 10 Март 2016
МОСУЛ (AA) - Ирачката војска заедно со силите на курдските пешмерги наскоро ќе тргне во акција на коначно ослбодување на Мосул од терористичката организација ДАЕШ, јавува Anadolu Agency.
Командантот на специјалните сили Пешмергa, генерал-мајор Бахџет Тејмез рече дека наскоро ќе дојде до заедничка акција на ослободување на Мосул од терористите на ДАЕШ, во која влегувањето во Мосул е планирано од различни страни.
"Пешмергите од 2015 година до денес го контролират северниот, западниот и источниот дел на Мосул. Моментално, само јужниот дел на Мосул е во рацете на терористите и ирачката војска планира да го ослободи тој дел. Кога веќе ќе почне нападот секој ќе нападне од својата положба", рече Тејмез.
Тејмез истакна дека речиси сите подготовки се при крај и дека замо се чека наредба за почеток на акција. Тој рече дека на ирачката војска и треба малку повеќе време за влегување во акција, поради дислоцираните единици кои треба да се допремат во подрачјето на Мосул.
Тејмуз истакна дека ДАЕШ е воено уништен, а тоа убедување го темели на информациите кои последните денови ги објавуваат медиумите.
"Тие знаат дека оваа акција е сериозна и поради тоа ја користат тактиката "најдобра одбрана е нападот" . Меѓутоа, нивните досегашни напади не им дадоа никакви позитивни резултати", нагласи Тејмез.
Вториот по големина град во Ирак Мосул е под контрола на ДАЕШ од јуни 2014 година. Ирачката војска долго подготвуваше акција за ослободување, а во ракмите на тие активности од минатот месец во близина на Мосул се концентрираат силите на ирачката војска.
Поради планираната офанзива, властите на Ирак се подготвуваат за нов бран на бегалци, рече за АА заменик на градоначалникот на градот Ниневех, Нуредин Каблан.
Како тврди тој, ирачките власти одлучија да формираат три бегалски кампови на периферијата на Мосул.
"Сакаме да ги преземеме сите можни нерки на превеција со цел да го избегнат повторувањето на трагичните случувања кои ги имавме", рече Каблан.