Mohamed Sabry Emam Muhammed
27 Март 2016•Ажурирај: 28 Март 2016
НИНЕВА (АА) - Стотици иранчани ги напуштија своите домови во северниот град Мосул како резултат на акцијата на безбедносните сили на Ирак за ослободување на градот од припадниците на терористичката група ДАЕШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Според денешното соопштение на ирачката Обединета команда на операцијата, припадниците на војската на Иран презеле 2.000 бегалци кои ги напуштија своите домови во јужниот дел од градот.
Војската и вчера ја продолжи офанзивата во Мосул, втор по големина град во Ирак а кој е под контрола на ДАЕШ од средината на 2014 година.
Ирачките власти од друга страна очекуваат дека околу милион жители ќе ги напуштат своите домови во покраината Нинева, чие седиште е Мосул.