Ekipa
06 Април 2016•Ажурирај: 07 Април 2016
ИРАК (АА) - Ирачките сили забележаа напредок во градот Хит, во ирачката западна провинција Анбар, против терористичката ДАЕШ, изјавија ирачки воени извори, јавува Anadolu Agency (AA).
Мајорот-генерал Исмаил ал-Махлави, ирачкиот комндант за операциите во Анбар, за АА изјави дека ирачките сили успеале да го ослободат квартот Ал-Муалимин во градот Хит, како и делови од центарот на градот.
Тој додаде дека „Ослободувањето на Ал-Муалимин е проследено со повлекување на Даеш кои не можеа да ги издржат копнените акции како и спроведените жестоки воздушни напади врз нив”.
„Седмиот баталјон на ирачката армија денес започна операции за ослободување на патниот правец кој ја поврзува областа Ал-Багдади со градот Хит, кој сега се расчистува од мини и експлозивни направи”, додаде тој.
Ал-Махлави не спомена дали во тековните операции има евентуални жртви.
Ирачки извори вчера соопштија дека милитантите на ДАЕШ егзекутирале петмина ирачки војници јужно од Мосул во северната провинција Нинева.
Ирачки безбедносни извори за АА изјавија дека пет војници се обесени во квартот Ал-Кајара, на 60 киллометри јужно од Мосул, кој го зазедоа ДАЕШ во средината на 2014 година.
Изворот, кој сакаше да остане анонимен, рече дека милитантите на ДАЕШ ги заробиле војниците во судирите во понеделникот во селото Ал-Наср, југоисточно од Мосул.
На 24-ти март ирачкото министерство за одбрана објави лансирање на очекуваната офанзива за преземање на Мосул, вториот по големина град во Ирак.