İdris Okuducu,Hemin Hüseyin
08 Ноември 2016•Ажурирај: 09 Ноември 2016
МОСУЛ (АА) – На виделина почнаа да излегуваат тунелите на терористичката организација ДЕАШ во градот Башика, кој се наоѓа североисточно од градот Мосул, врз кој целосна контрола воспоставија силите на Пешмергите, приврзани на ирачката курдска регионална влада.
Во градот Башика, кој се наоѓа на 20 километри од Мосул, претежно живеат Христијани и Езиди. Башика 27 месеци беше под окупација на ДЕАШ. Градот речиси беше без расчистен од цивили. Терористите во центарот на градот, за да се заштитат од воздушните напади на коалициските сили, под куќите ископале тунели.
Источно од центарот на градот, во улицата Рабиа, силите на Пешмергите пронајдоа тунел долг 200 метри и висок 1,5 метри.
Силите на Пешмергите истакнаа дека тунелот се протегал под многу стратешки објекти во градот, голем број високи згради и се разгранувал. Членовите на ДЕАШ кој се криеле од воздушните напади на коалицијата, во тунелите имале имале кревети и резерви на храна со која можеле во нив да останат со недели.
Можело да се воочи дека милитантите на ДЕАШ во тунелите донеле и електрични кабли и себеси си создале средина во која може нормално да се живее.
Милитантите на ДЕАШ, по нападите врз безбедносните сили од крововите на различни згради, користејќи ги тунелите, преминувале во безбедните подрачја или во други згради, со цел да се скријат.
Иако Башика е под целосна контрола на Пешмергите, бидејќи сѐ уште не се знае каде сѐ има тунели, повремено милитантите на ДЕАШ вршат напади врз Пешмергите и потоа успеваат повторно да се скријат. Затоа понекогаш се случуваат престрелки на улиците.
- Источното подрачје е целосно ослободено
Башика е последниот град источно од Мосул кој беше под контрола на ДЕАШ. По неговото ослободување, намалени се заканите врз Мосул од неговата истачна страна.
Терористичката организација ДЕАШ на 3 август го зазеде градот Башика во кој живееја околу 35.000 лица.