Amina Zorniç
08 Ноември 2016•Ажурирај: 09 Ноември 2016
ВАШИНГТОН (AA) - Кандидатите за претседател на Соединетите Американски Држави, Хилари Клинтон од редот на демократите и републиканецот Доналд Трамп, излегоа на гласањето на претседателските избори, пренесува Anadolu Agency (AA).
Хилари Клинтон во придружба на супругот Бил гласаше рано утрово, недолго по отворањето на биралиштата во основното училиште недалеку од нивната куќа во Чапаква, во Њујорк.
Во Њујорк во Менхетен нешто подоцна,околу 11 часот, во придружба на сопругата Мелани гласаше и Доналд Трамп.
Гласањето на најголемите ривали на овогодинешните претседателски избори на нивните бирачки места ги следеше голем број на медиумски екипи но и нивни приврзаници.
Анкетите покажуваат дека резултатите од изборите помеѓу Трам и Клинтон ќе бидат неизвесни до самиот крај.
Инаку, на денешните избори во САД, 230 милиони регистрирани гласачи имаат право да одлучат за новиот претседател, наследниот на Барак Обама, а кој ќе биде 45 претседател.