Bilgin S. Şaşmaz
07 Јануари 2018•Ажурирај: 08 Јануари 2018
ЧИКАГО (АА) - Екстремно ниските температури на воздухот кои следуваа по снежната бура која го зафати североисточниот дел на САД, продолжуваат да го отежнуваат животот во Чикаго, јавува Anadolu Agency (AA).
Снежните врнежи започнаа пред божиќните празници, а живата во термометарот во тој град покажуваше и минус 20 степени. Екстремно ниските температури на воздухот придонесе за помал број на возила дури и на најфреквентните улици, а голем број програми ширум градот се откажани.
Студеното време предизвика и отежнато одвивање, особено на авиосообраќајот. Екипите настојуваат да ги одржуваат патиштата проодни, а го кршат и мразот на реката Чикаго и езерото Мичиген.
Надлежните органи ги предупредија граѓаните на есктремно ниските температури, а низ Чикаго се поставени и центри за греење.
Поделени се и прекривки, а одредени Американци ги отворија своите домови за бездомниците.
Ниските температури не ги погодија само луѓето, туку и животинскиот свет.