Burcu Arik
07 Јануари 2018•Ажурирај: 07 Јануари 2018
ПЕКИНГ (АА) - Најмалку 32 лица исчезнаа синоќа, по судир на товарен брод и танкер кај источниот брег на Кина, соопшти кинеското Министерство за транспорт, пренесува Anadolu Agency (AA).
Министерството денес соопшти дека несреќата се случила на устието на реката Јангцекјанг синоќа околу 20 часот по локално време, по што на иранскиот танкер избил пожар.
Според првичните информации, 21 член од посадата на кинескиот товарен брод е спасен, додека 32 членови од посадата на иранскиот танкер се исчезнати.
Меѓу исчезнатите се наоѓаат 30 Иранци и двајца државјани на Бангладеш.
Кинеските власти распоредија осум пловила на местото на настанот, а помош во потрагата по исчезнатите испрати и јужнокорејската Крајбрежна стража.