свет

Си Ѓипинг: „Препреките за глобалната трговија мора да бидат отстранети“

- Кинескиот претседател, Си Ѓипинг, изјави дека препреките за глобалната трговија мора да бидат отстранети што е можно поскоро, и дека сите земји би требало да ги поддржат темелните мултилатерални начела и силно да се спротивстават на протекционизмот

Övünç Kutlu  | 05.11.2019 - Обновена : 05.11.2019
Си Ѓипинг: „Препреките за глобалната трговија мора да бидат отстранети“ Foto: Fuat Kabakcı / AA

АНКАРА

Кинескиот претседател, Си Ѓипинг, изјави дека препреките за глобалната трговија мора да бидат отстранети што е можно поскоро, и дека сите земји би требало да ги поддржат темелните мултилатерални начела и силно да се спротивстават на протекционизмот, јавува Anadolu Agency (AA).

Во обраќањето во Шангај на отворањето на Меѓународниот саем за увоз (CIIE), Си изјави дека е многу важно да се поддржи меѓународната соработка и да се отстранат претстојните препреки за иновации.

Тој додаде, исто така, дека и во наредниот период ќе го продолжи отворањето на кинеската економија и пазарите, но и ќе ја зајакне заштитата на правата на полето од интелектуалното сопствеништво.

„Не постои држава која самостојно би можела да ги реши потешкотиите и предизвиците со кои денес се соочува светската економија“, изјави Си, и уште еднаш ја нагласи важноста на глобалната економска соработка.

„Мораме да се здружиме, наместо едни на други да го препуштаме решавањето на проблемите. Мораме да ги срушиме ѕидови, а не да подигаме нови. Мораме цврсто да застанеме против протекционизмот и унилатерализмот. Мораме да ги урнеме трговските бариери“, изјави кинескиот претседател.

Неговите изјави доаѓаат во екот на трговските тензии меѓу Кина и САД.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın