Seyit Aydoğan
07 Јануари 2018•Ажурирај: 08 Јануари 2018
НИЈАГАРИНИ ВОДОПАДИ (АА) - Екстремно ниските температури на воздухот веќе две недели владеат во Канада, поради што голем дел од Нијагарините водопади се замрзнати, а во реката може да се забележат парчиња мраз, јавува Anadolu Agency (AA).
Дел од Нијагарините водопади секоја година се зафатени со мраз, а оваа година доаѓа до еден вид „танц на водата и мразот“.
Најголемиот Потковичен водопад, кој е во форма на потковица, во своето зимско руво привлече голем број туристи, кои вложуваат големи напори да направат фотографии слични на разгледница.
Температурата на Нијагарините водопади, кои се наоѓаат помеѓу Канада и САД, веќе со денови е околу 30-от степен под нулата.