Amina Zorniç
31 Јануари 2016•Ажурирај: 01 Февруари 2016
СТАРИ СМОКОВЕЦ (АА) - Четвртиот шампионат во скулптури од мраз организиран во Словачка привлече стотици посетители кои со воодушевување ги гледаа скулптурите од мраз, јавува Anadolu Agency (АА).
Натпреварувачите деноноќно работат на пресувањето на снегот и ледените блокови каде што изработуваат нестварно реалистични фигури. Многу од скулптурите се осветлени што дава дополнителна димензија на изложбата посебно во ноќните часови.
Инаку, во последните неколку години во голем број земји во светот, во текот на зимските месеци, се организираат натпревари за најдобри скулптури кои одушевуваат со својот изглед, боја, форма и големина.