Mesut Varol,Özkan Bilgin
11 Јануари 2017•Ажурирај: 12 Јануари 2017
ВАН (АА) - Цевките на резервоарите за вода во Oзапл, во областа Ван, во источна Турција, пукнаа поради екстремно ниските температури, а откако водата што истече и замрзна, резервоарот се претвори во кула од мраз, јавува Anadolu Agency (AA).
Температурата на воздухот во текот на ноќта во Ван достигна и до 20 степени под нулата, поради што езерото, потоците и водопадите делумно замрзнаа.
Влијанието на студеното време дополнително се почувствува во повисоките предели, а последиците од студеното време често се видливи со голо око.
Резервоарот со вода чии цевки пукнаа, се зафатени во целост од мраз, а сите оние што се наоѓаат во неговото подножје имаат чувство дека се наоѓаат во игло.
Одговорното лице на местото каде што се наоѓа резервоарот, Мехмет Али Зенгин, изјави дека целото село добива вода од споменатиот резервоар.
Жителот Мехмет Али Авџи истакна дека во текот на ноќта не може да се седи ниту десет минути.
„Многу е студено, постојано мора да грееме“, рече Авџи.