Ayşe Doğru
03 Ноември 2019•Ажурирај: 06 Ноември 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Марија Кодинскаја-Голенишчева, висока советничка во Одделот за стратешко планирање при Министерството за надворешни работи на Русија, истакна дека со помошта на Турција за Русија и нејзините напори, Уставниот комитет на Сирија составен од припадниците на опозицијата, режимот и невладиниот сектор во Сирија, започнал со своите работи во Женева, јавува Anadolu Agency (AA).
Кодинскаја-Голенишчева, која е автор на книгите насловени „Војната во Алепо и дипломатијата“ и „Бодликави патишта кои водат кон мир“, даде изјава за АА во рамки на 6. Медијаторска конференција во Истанбул организирана од Министерството за надворешни работи на Турција.
Таа нагласи дека по повеќе од тригодишните напори за постигнување консензус со САД и другите актери во Сирија, Русија со искуството открила дека патот кон мирот во Сирија поминува низ Турција.
Кодинскаја-Голенишчева потсети дека била дел од рускиот тим во преговорите за примирје со САД во септември 2016 година во Источен Алепо, и дека ова примирје траело само 2 часа поради тоа што страните ги игнорирале локалните актери.
„Не успеавме да го цивилизираме градот како што се договоривме. Првин помисливме дека има недостиг на волја од американската страна, но потоа меѓу нас дискутиравме за тоа и разбравме дека е нешто друго. Тогаш започнаа руско-турските односи“, рече Кодинскаја-Голенишчева, која нагласи дека договорот постигнат меѓу Русија и Турција бил веднаш спроведен.
„Бидејќи турската страна има добри врски со групите на терен и поседува влијание врз нив преку кое може да се доведе до спроведување на договорот. САД немаат такво влијание“, додаде таа.
Според неа, прашањето за Алепо ја поттикнува потрагата за подобар преговарачки формат за решавање на сириската криза.
Таа истакна дека ниту Меѓународната група за поддршка на Сирија (ISSG) составена од 20 членови, чии копретседавачи се министрите за надворешни работи на САД и Русија, не успеала да ги реши проблемите во Алепо или Идлиб.
„Забележавме дека групата не може да се фокусира. Имаше многу лица кои сакаат да зборуваат. Разбравме дека нема потреба за зборување, туку за дејствување. Тоа е посредништво“, додаде таа.
- Помошта на Турција ја смени состојбата
Кодинскаја-Голенишчева истакна дека кога забележале дека постои корист од воспоставувањето контакт со Турција во Алепо, администрацијата на Москва го продолжила овој контакт и дека овие страни во 2017 година постигнале примирје.
„Ние ја убедивме администрацијата на Дамаск да биде посветена на примирјето, додека Турција ги убеди опозициските групи да бидат посветени на примирјето“, нагласи таа, додавајќи дека Турција и Русија досега успеале да формираат зони без судири во различни места во Сирија.
„Со помошта на Турција за Русија и нејзините напори, Уставниот комитет на Сирија составен од припадниците на опозицијата, режимот и невладиниот сектор во Сирија, започна со своите работи во Женева“, додаде таа.