Ömer Faruk Yıldız
03 Ноември 2019•Ажурирај: 07 Ноември 2019
КУАЛА ЛУМПУР (AA) – Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, ја повика лидерката на Мјанмар, Аунг Сан Су Кји, да им овозможи сигурно враќање во земјата на араканските муслимани кои избегаа од Мјанмар, јавува Anadolu Agency (AA).
Гутереш на самитот на лидерите на Сојузот на државите на југоисточна Азија (АСЕАН), кој се одржува во Бангкок, на Тајланд, изрази загриженост поради состојбата во која се наоѓаат бегалците од Аракан.
„Мјанмар има одговорност да им обезбеди на бегалците средина што ќе им помогне да се вратат во земјата на сигурен, доброволен, честит и одржлив начин“, рече Гутереш.
Смета и дека на волонтерите би требало да им се овозможи да делуваат како што доликува.
„Мјанмарската администрација би требало да гарантира слободен пристап на волонтерите во подрачјата на кои ќе се вратат бегалците“, рече Гутереш.
Една од главните теми на овогодишниот самит е и решение кога се во прашање бегалците од Аракан.
Претходно Лим Џок Хои, генералниот секретар на АСЕАН, предложи да се формира посебна екипа што ќе работи на прашањата што се однесуваат на враќање на бегалците од Аракан.
Утре завршува 35. самит на АСЕАН.