Операција Извор на мирот

За време на операцијата „Извор на мирот“ не е нанесена штета на цивилите и верските објекти

„Терористичката организација црквата во Тел Абјад ја претвори во минофрлачка позиција, додека на некои цркви се поставени постери со ликот на лидерот на терористите, Абдула Оџалан“

Mehmet Tosun  | 04.11.2019 - Обновена : 05.11.2019
За време на операцијата „Извор на мирот“ не е нанесена штета на цивилите и верските објекти

АНКАРА (АА) - Министерството за одбрана на Турција соопшти дека за време на операцијата „Извор на мирот“ во Сирија не е нанесена штета на цивилите, верските објекти, објектите од културно-историско значење и околината, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението, исто така, се наведува дека со операцијата во североисточниот дел на Сирија, ниту на еден начин не се погодени ниту црквите во Тел Абјад и Рас ал Ајн.

„Јасно е нагласено пред почетокот на операцијата дека Турските вооружени сили нема да нанесат никаква штета на цивилите, верските објекти, објектите од историско значење и на животната средина“, се наведува, и се додава дека за време на операцијата „Извор на мирот“ не се отстапувало од овие начела, како и за време на претходните операции „Штитот на Еуфрат“ и „Маслинова гранка“.

„Терористичката организација ПКК/ЈПГ и нивните сојузници пред операцијата пласираа лага дека ќе ги уништиме нашите курдски браќа и ќе нападнеме други етнички и верски групи, вклучувајќи ги и христијаните, и така од целата светска јавност се обидоа да ги прикријат злосторствата против човештвото што сами ги извршиле“, се наведува во соопштението на турското Министерство за одбрана.

Се наведува исто така дека операцијата „Извор на мирот“ помогнала меѓународната заедница да ја дознае вистината за терористичката организација ПКК/ЈПГ и нивните сојузници.

„Оваа терористичка организација црквата во Тел Абјад ја претвори во минофрлачка позиција, додека на некои цркви се поставени постери со ликот на лидерот на терористите, Абдула Оџалан“, стои во соопштението.

На крајот се наведува дека припадниците на турската Војска на секој начин им помагале и им излегле во пресрет на жителите на тоа подрачје без разлика на нивната етничка и верска припадност.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın