Француски политички експерт: „Европските земји ја играат играта на терористите од ПКК и од ЈПГ“
Шарл Сен-Про, за Аnadolu Аgency (AA) говореше за операцијата „Извор на мирот“ и за ставот на европските земји во однос на операцијата
ПАРИЗ (АА) - Шарл Сен-Про, генералниот директор на Парискиот центар за геополитички истражувања, истакна дека турската операција „Извор на мирот“ според Повелбата на ОН е во согласност со правото за легитимна одбрана.
Сен-Про во разговорот за Аnadolu Аgency (AA) се осврна на операцијата „Извор на мирот“ и за ставот на европските земји во однос на операцијата.
„Морам да напоменам дека операцијата „Извор на мирот“ беше спроведена според членот 51 од Повелбата на ОН, во согласност со правото за легитимна одбрана“, рече Сен-Про, додавајќи дека терористичката организација ЈПГ/ПЈД е продолжеток на ПКК во Сирија и дека ПКК од НАТО и од Европската Унија (ЕУ) е прифатена како терористичка организација.
Сен-Про истакна дека овие терористички организации се закануваат на територијалниот интегритет и единството на Турција.
Наведувајќи дека операцијата во исто време е во согласност со одлуката на ОН за борба против тероризмот, Сен-Про рече: „Операцијата е во согласност со виталните интереси на Турција. Која држава може да толерира криминални дела на терористичките и сепаратистичките организации кои се закануваат на нејзиниот идентитет? Во овие услови, ако не сакаме исчезнување и слабеење на Турција, може само да ја одобриме интервенцијата на Анкара. За жал, во некои средини тоа изгледа така.“
- „Противењето на ЕУ за обезбедувањето на националната безбедност на Турција е застрашувачко“ -
Сен-Про го критикуваше и ставот на Европа кон операцијата.
„Противењето на ЕУ за националната безбедност на Турција, држејќи ја страната на терористичките и сепаратистичките елементи, е застрашувачко“, рече Сен-Про и додаде: „Турција отсекогаш била лојален и важен сојузник на НАТО. Безбедноста на Турција и Европа е поврзана една со друга. Исто така, застрашувачко е тоа што европските земји, кои од една страна тврдат дека водат борба против терористичката организација ДЕАШ, од друга страна се сојузници со друга терористичка организација.“
Истакнувајќи дека Турција е најстариот сојузник на Франција, Сен-Про го осуди однесувањето на француската Влада во врска со оваа тема.
Тој, исто така, истакна дека меѓународните медиуми со дезинформациите за операцијата манипулирале со јавното мислење.
„Зад медиумите стојат моќни израелски и левичарски комунистички групи. Овие групи ги зголемуваат лагите. На пример: Не ги споменуваат 400.000 Курди од Сирија кои избегаа од ЈПГ/ПКК и заминаа во Турција. Не ги споделуваат изјавите на Светскиот христијански совет дека ЈПГ е виновна за зголемувањето на тензиите во североисточна Сирија. Тврдат дека Турција ги напаѓа Курдите, а не ЈПГ, која е продолжеток на ПКК во Сирија. Но, Турција (во Сирија) води борба против терористите без да ги нападне цивилите“, нагласува Сен-Про.
Истакнувајќи дека ЈПГ/ПКК ги ослободила затворениците на ДЕАШ за да создаде хаос во Сирија, Сен-Про рече дека на терористите од ДЕАШ, кои од Европа заминале да војуваат во Сирија, треба да им се суди во нивните матични земји.
„Европските земји, кои ја осудуваат Турција, ја играат играта на терористите на ПКК и на ЈПГ. Се разбира дека тоа не е нормално, бидејќи тие земји ја ставија ПКК на листата на терористички организации. Дали тука се работи за наведнување на главата кон силните лоби-групи или пак, за неспособност и негирање? Во секој случај тоа е застрашувачки“, заклучи генералниот директор на Парискиот центар за геополитички истражувања, Шарл Сен-Про.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
