Zehra Ulucak
11 Април 2016•Ажурирај: 11 Април 2016
АНКАРА (АА) – Во изјавата на здруженијата за заштита на природата се вели дека бројот на тигри, во глобални светски рамки, за првпат се зголеми во последните 100 години, јавува Anadolu Agency (AA).
Во извештајот на Светскиот фонд за дивиот свет (WWF) и Глобалниот форум за тигри се вели дека од 3.200 тигри во 2010 година има зголемување за 690 тигри, а оваа година нивниот број изнесува 3.890.
Генералниот директор на (WWF), Марко Ламбертини, изјави дека „последните бројки ни го предочија фактот дека можна е заштита на животинските видови и нивната животна средина со заедничка соработка на државите, локалните раководства и еколозите.
Претставничката на WWF, Гинете Химлеј рече „Всушност трендот на пораст е многу побитен од бројките и ние гледаме дека овој тренд напредува во вистински правец.“
Според добиените податоци, на светско ниво повеќето од половината, т.е. 2.226 тигри се наоѓаат во Индија.
Поради уништувањето на шумите, загрижувачки е намален бројот на тигри во Индонезија.
Министрите на 13 земји во кои живеат тигрите, оваа недела ќе се сретнат на заедничка конференција во Њу Делхи, главниот град на Индија. На конференцијата ќе се разговара за потребните мерки со кои до 2020 година двојно би се зголемил бројот на тигрите.