Turgut Alp Boyraz
26 Април 2016•Ажурирај: 27 Април 2016
ЕЛ-ХАЛИЛ (АА) - Минатата недела беше ослободена најмладата притворена Палестинка Дима ел-Вави. Таа во својот дом во Халхул, пред камерите на новинарите со вознемирен поглед, често повторуваше "се плашам".
По неколку обиди на дописникот на АА, Вави со потешкотии рекла: "Не се сеќавам колку престојував во затвор. При испитувањето ми викаа 'Приврзаничка си на ХАМАС, приврзаничка си на ФАТАХ?'. Ништо не одговарав. Иследниците се менуваа, но сите викајќи го поставуваа истото прашање 'Приврзаничка си на ХАМАС, приврзаничка си на ФАТАХ?'. На крај бев приморана да кажам 'Доста веќе приврзаничка сум на ХАМАС' рече малата Вави.
Малечката 12 годишна Вави изјави дека не е во можност од себе да го исфрли шокот од притворот и додаде:
"(Израелски) Војниците го насочуваа своето оружје кон мене, ми ги врзаа рацете и очите и ме фрлија на земја. Со коленици притискајќи ме по грбот викаа по мене 'Еврејските доселеници ли сакаш да ги убиеш?"
Зборувајќи за деновите минати во притвор, малата Палестинка прегрнувајќи ја мајка си говореше: "Се плашам, се плашам да не бидам повторно притворена."
Таткото на малечката Палестинка, Исмаил ел-Вави (54) рече дека е потресен од она што и се случило на неговата ќерка и сочувствува со сите притворени деца во израелсите затвори, додавајќи:
"Израел треба да се срами што приведува деца. Илегално е притворање на деца без присуство на родител или адвокат. Таа е 12 годишно дете."
Исмаил, татко на шест девојчиња и три момчиња, за на малата Вави изјави дека е под голем психички притисок и дека постојано повторувала 'се плашам'. Тој побара организациите за човекови права да им помогнат на сите притворени деца кои се наоѓаат во израелските затвори.
Мајката на најмладата притворена Палестинка, Сабха вели дека ќерка ѝ има проблеми во движењето и забележува големи промени кај неа исмета дека и è потребна помош од психолог. Таа соопшти дека и покрај големиот притисок од страна на Израел, сепак нема да ги напуштат своите домови и додаде:
"Никогаш нема да го победат Палестинскиот народ".