Adel Ömeragiç
25 Април 2016•Ажурирај: 26 Април 2016
ПОДГОРИЦА (АА) - На Eлектротехничкиот факултет на Универзитетот на Црна Гора во Подгорица денес е претставен тркачки автомобил на електричен погон 'Pehlivan ElekTrak', дело на студентите од Турција, јавува Anadolu Agency (AA)
"Пехливан тимот" од дваесет млади луѓе е формиран во 2013 година на Универзитетот Тракија, со цел дизајнирање на модерен автомобил на електричен погон.
Студентите дизајнираа автомобил со црвена боја, тежок 240 килограми а долг четири метри. Направен е од карбонски влакна, а поради својот дизајн и тркачки способности освои вредни пехари.
Автомобилот се движи со помош на четири тркала и има капацитет за две лица. Кога станува збор за неговиот погон, автомобилот оди на батерии од 3kWh. Со полни батерии, автомобилот може да помине 120 километри и да достигне максимална брзина од 110 km/h.
Презентацијата на автомобилот е одржана на факултетот, при што студентите и професорите на Електротехничкиот факултет на плато пред факултетската единица го разгледаа тркачкиот автомобил.
Освен студентите и професорите кои љубопитно го посматраа автомобилот, него го испроба и амбасадорот на Република Турција, Серхат Галип.
"Пелихван тимот" ќе ја посети Албанија, а во претходните денови ја посетија БиХ, Бугарија, Грција и Македонија.