Nuray Tunçay
04 Мај 2016•Ажурирај: 05 Мај 2016
ЊУЈОРК (АА) - Технолошкиот гигант во САД, Google и италијанско-американската корпорација за производство на автомобили Fiat Chrysler (FCA) се договорија за заедничко производство на возила без возач, јавува Anadolu Agency (AA).
Двете компании дадоа заедничко соопштение се вели дека FCA оваа година ќе произведе околу 100 примероци од моделот Chrysler Pacifica Hybrid за 2017 година и Google во ова возило ќе вгради потребен софтвер, хардвер и сензори со кои возилото ќе може да се движи без возач.
Во образложението се истакнува дека Google планира кон крајот на годината да започне со тест на возилата без возач.
Главниот извршен директор на FCA, Серџо Маркионе изјави дека влезот на светската најголема технолошка компанија Google во автомобилската индустрија ќе го забрза процесот на иновативност. Тој ситакна дека новите технолошки решенија ќе бидат од голема корист за конзументите на автомобили.
Главниот извршен директор на Google во проектот за возило без возач, Џон Крафсик (John Krafcik) истакна дека соработката со FCA ќе овозможи забрзување на процесот за развој на возилото без возач и додаде: „На овој начин, на патиштата ќе бидат побезбедни“.