Ekipa
15 Март 2016•Ажурирај: 16 Март 2016
БЕРЛИН (АА) - Во Берлин утринава во експлозија на автомобил-бомба загина возач, а постои сомнение дека причина за експлозијата е бомба, соопшти берлинската полиција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Заменикот-гласноговорник на берлинската полиција, Карстен Мулер, рече дека експлозијата се случила утринава во 8:00 часот во западниот кварт Шарлотенбург.
„Истражителите претпоставуваат дека експлозивна направа поставена во или на возилото ја предизвикала експлозијата”, рече Мулер.
Тој наведе дека истражителите и понатаму се обидуваат да го утврдат идентитетот на загинатиот возач и дека не можеле веднаш да ги изнесат деталните информации за возилото.
На фотографијата која ја објави полицијата на социјалната мрежа Твитер, се гледаат остатоци на автомобил Пасат караван, со сребрена боја, со скршени прозорци и уништен предел дел.