Yusuf Hatip
16 Март 2016•Ажурирај: 17 Март 2016
ПЕШАВАР (АА) - Најмалку 15 лица загинаа а 25 се ранети во бомбашки напад кој се случи во северниот пакистански град Пешавар, пренесува Anadolu Agency (AA).
Безбедносни извори јавија дека е активирана експлозивна направа поставена на автобус кој превезувал државни службеници. Во експлозијата загинаа 15, а ранети се најмалку 25 лица.
На местото на експлозијата набрзо пристигнаа и бројни екипи на итната медицинска помош, а ранетите се пренесени во болница во Пешавар.
Исто така, се наведува дека експлозивната направа е активирана при доаѓањето на автобусот од пакистанскиот град Мардан.