Betül Yürük
11 Април 2016•Ажурирај: 12 Април 2016
ЖЕНЕВА (АА) – Високиот комесаријат за бегалци при Обединетите нации (УНЦХР) истакна дека загрижувачки е фактот што е користен солзавец кон бегалците кои се обиделе кај градот Идомени, во Грција, да ја преминат границата со Македонија, јавува Anadolu Agency (АА).
Во соопштението на УНЦХР се вели дека на различните граници низ Европа, судирите кои настануваат помеѓу силите за безбедност и бегалците кои бегајќи од војната, бараат помош, создава лош имиџ, како за бегалците, така и за Европа.
„Загрижувачки е фактот што во вчерашните настани во грчкото гратче Идомени, при интервенцијата е употребена сила и солзавец“.
Организацијата „Лекари без граници” информираше дека при вчерашната интервенција и настанатите судири при обидот за премин на границата од страна на бегалците, бил користен солзавец, пластични куршуми и шок бомби, при што се повредени околу 300 луѓе.
Околу 12 илјади бегалци кои под тешки услови се борат за опстанок во кампот во Идомени, веќе еден месец се во исчекување на отворање на границата.