Sayed Khodaiberdi Sadat
03 Август 2021•Ажурирај: 04 Август 2021
КАБУЛ
Мисијата на Обединетите нации за помош на Авганистан (УНАМА) соопшти дека во последните 24 часа биле убиени 40 цивили во авганистанската јужна покраина Хелманд, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на УНАМА се нагласува дека овие 40 цивили загинале во судирите што се случиле во последните 24 часа во оваа покраина.
Според соопштението, во овој период биле повредени 118 цивили, а се вели дека може да се случи голема катастрофа доколку страните не ја осигурат безбедноста на животот на цивилите.
Во ова соопштение се наведува дека илјадници лица се раселени поради судирите.
Веќе околу една недела продолжуваат судирите меѓу талибанските милитанти и безбедносните сили во покраините Кандахар, Хелманд и Херат.