Tufan Aktaş
03 Август 2021•Ажурирај: 04 Август 2021
ИСТАНБУЛ
Африканската унија (AfB), осудувајќи го новиот Закон за странци на Данска, кој дозволува барателите на азил да бидат испратени во трета земја, истакна: „Ваквите обиди да се запре миграцијата од Африка во Европа се ксенофобични и целосно неприфатливи“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писмената изјава од Африканската унија (AfB) остро се осудува новиот Закон за странци, усвоен од Данска минатиот месец, со кој барателите на азил во Данска ќе бидат сместени во бегалски кампови во странство сè додека не се разјасни нивната ситуација.
Потсетувајќи дека Данска има одговорност да ги заштити овие луѓе во согласност со Конвенцијата на Обединетите нации за бегалци од 1951 година, се посочува дека домаќини на 85 проценти од светските бегалци се земјите во развој, додека развиените земји преземаат само 15 проценти од овој товар.
„Ваквите обиди да се запре миграцијата од Африка во Европа се ксенофобични и целосно неприфатливи“, се нагласува во соопштението на Африканската унија (AfB).
Со Законот усвоен во јули, Данска планира да ги испрати барателите на азил во Руанда.
Законот предизвика реакција на меѓународните организации за човекови права. Исто така и Обединетите нации (ОН) беа против Законот.