Atila Altuntaş
10 Септември 2016•Ажурирај: 11 Септември 2016
СТОКЛОМ (АА) - Формираањето на училници сопред етничката припадност на учениците во средно училиште предизвика дискусија во Данска, јавува Anadolu Agency (AA).
Според вестите на официјалната новинска агенција на Шведска ТТ, во градот Архус во едно средно училиште во Данска почна формирањето на училниците според етничката припадност.
„Во сопштението на едно од најстарите средни училишта во градот „Лангакер Гимназиум", наведоа дека образложението на оваа апликацијата е привлекувањето на граѓаните на Данска во училиште.”
Беше објавено дека во последните осум години процентот на данците во оваа училиште од 75 отсто падна на 20 отсто.
Претседателот на организацијата „СОС притив рацизмот” Жет Молер оваа апликација ја оцени како расизам, а пак еден од адвокатите на Институтот за човекови права Нана Круса рече дека формирањето на училници според етничката припадност е противзаконско.
Директорот на училиштето Јаго Бундгард против критиките се бранеше давајќи го примерот со формирањето на училниците според припадноста на полот.
Тој кажа дека исто како и формирањето на училници според припадноста на полот, можно е формирање на училници и според етничката припадност. Формирањето на училници во училиштето е право на директорот, рече тој.