Selahattin Özbozkurt
05 Март 2016•Ажурирај: 05 Март 2016
МЕРСИН (АА) - Во местото Тарсус, недалеку од Мерсин во јужниот дел на Турција, припадниците натерористичката организација ПКК фрлија молотови коктели на училиште, јавува Anadolu Agency (AA).
Група напаѓачи доцна синоќа фрлија шест-седум молотови коктели врз зградата на училиштето Барбарос, со цел да го запалат, а потоа избегале од местото на настанот.
Екипите го спречија избивањето на пожарот во училиштето.
Во нападот е причинета значителна материјална штета, но официјалните лица рекоа дека наставата во училиштето ќе продолжи.
Во истото место во декември минатата година запалено е основното училиште Фахретинпаша, додека врз основното училиште во населбата Шахин е фрлен молотов коктел.