Laith Joneidi,Gülşen Topçu
10 Септември 2016•Ажурирај: 11 Септември 2016
АМАН (АА) - Холивудската дива и амбасадорка на добрата волја на Високиот комесар на ОН за бегалци (УНХЦР) Анџелина Џоли ја повика меѓународната заедница да најде решение за ставање крај на кризата во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Џоли вчера го посети сирискиот бегалски камп во Ел-Eзрак во Јордан, што претставува нејзина четврта посета во бегалските кампови во земјата.
„Не постои ниту едно семејство во овој камп кое нема големи проблеми. Во овој камп, и во оваа пуста пустелија, има голем број на деца кои не се ни свесни за искушенијата низ кои поминуваат. Поради нив ми се кине срцето", рече Џоли.
Истакнувајќи дека Јордан не може, ниту треба сам да ги реши своите проблеми на илјадници сириски бегалци, Џоли рече дека е поразително што светот со месеци и години пасивно гледа на проблемите на овие луѓе кои се зголемуваат секој ден.
„Светските лидери итно мора да најдат решение за кризата во Сирија. Помошта која Јорданците ја обезбедуваат на своите соседи во Сирија е за пофалба", рече Џоли.