Mustafa Keleş
10 Септември 2016•Ажурирај: 11 Септември 2016
ЊУЈОРК (АА) - Советот за безбедност на Обединетите нации по итна постапка одржа итна седница по севернокорејското тестирање на нуклеарни бомби што предизвика земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала, јавува Anadolu Agency (AA).
Во заедничката изјава по затворената седница, Советот за безбедност го осуди тестирањето на нуклеарно оружје во Северна Кореја и истакна дека овој потег е продолжение на прекршувањето на резолуциите на ОН и продолжувањето на заканите на Северна Кореја врз стабилноста светскиот мир.
Американската амбасадорка во ОН, Саманта Пауер по средбата изјави дека Северна Кореја сака со развојот на нуклеарки и ракетен системи да го пороби целиот свет, но дека нема да им биде дозволено да ги остварат тие зли цели.
„Ние ќе преземеме дополнителни мерки и санкции, така што Северна Кореја ќе мора да се соочи со последиците од таквите опасни и нелегални потези", рече американскиот амбасадор Пауер.
Ниту еден од учесниците на состанокот не открива кога предлогот на нови санкции би можеле да биде доставени на разгледување во форма на нацрт-резолуцијата, но Советот за безбедност уште од 2006 година применува остри санкции против Пјонгјанг.