Ekipa
07 Април 2016•Ажурирај: 08 Април 2016
КОПЕНХАГЕН (АА) - Данската полиција соопшти дека уапсила четири лица под сомнение дека сакаат да се приклучат на ДАЕШ со намера да извршат терористички напади, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата изјави дека сите четворица осомничени се уапсени денес во Копенхаген. Тие одбија да откријат повеќе детали за уапсените лица.
Како што соопшти полицијата, апсењето се случило благодарение на тесната соработка помеѓу разузнавачките служби на Данска и полицијата во Копенхаген.
Четворицата осомничени се во притвор, а рочиштето е закажано за в петок.