Ekipa
07 Април 2016•Ажурирај: 08 Април 2016
СТОКХОЛМ (АА) - Шведската обвинителка, Евамари Хагквист, соопшти дека 20-годишниот Швеѓанец е обвинет за подготовка за самоубиствен напад, јавува Anadolu Agency (AA).
Хагквист тврди дека овој млад човек, кој ги негира сите обвиненија, „може сериозно да ѝ наштети на Шведска”.
Јавнaта обвинителка не прецизираше кога и каде може да биде употребен експлозивот во Шведска или во друга земја која е цел на напади.
Таа посочи дека „младиот човек стекнал, чувал и составувал течности и материјали со намера да направи бомба за самоубиствен напад”.
Момчето, според обвинителкaта, двапати е сопрен во Турција, во јуни, минатата година, веројатно поради намерата да продолжи кон Сирија и да ѝ се приклучи на терористичката ДАЕШ, но бил депортиран во Шведска.