Atila Altuntaş
20 Септември 2016•Ажурирај: 21 Септември 2016
СТОКХОЛМ (АА) - Министерот за внатрешни работи на Шведска, Андерс Јеман, ја критикуваше Данска поради прекинот на прифаќањето мигранти, и порача дека Данска треба да ја разгледа својата одлука, јавува Anadolu Agency (AA).
Јеман во разговор за АА се осврна на неодамнешната одлука на Данска, која го прекина прифаќањето на бегалците на неодредено време. Данска, инаку, претходно ја прифати квотата од Обединетите нации за прифаќање 500 бегалци на годишно ниво.
- Данска да ја преиспита својата одлука -
„Тоа е многу лоша одлука. Данска не може да го има тој луксуз и да не ги прима бегалците според квотите утврдени од страна на ОН. Таа одлука треба повторно да се преиспита“, рече Јеман, додавајќи дека е време за разгледување на можностите како да се примат поголем број бегалци, а не да се затвораат вратите.
„Овие луѓе го поминуваат Средоземното Море по цена на сопствениот живот. Многумина од нив и трагично го губат животот. Затоа, да се затвори вратата за овие луѓе не е вистинскиот чекор“, рече министерот за внатрешни работи на Шведска, Андерс Јеман.