Ekipa
05 Август 2016•Ажурирај: 05 Август 2016
КОПЕНХАГЕН (АА) - Данските вооружени сили објавија дека нивните авиони Ф-16 за првпат фрлија бомби над Сирија, во провинцијата Рака, каде што се наоѓа самопрогласениот главен град на ДАЕШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Командата на одбраната на Данска истакнува дека активностите се спроведени во изминатите седум дена, но не открива повеќе детали.
Врховната воена команда во петокот објави дека дански воени авиони учествувале во операциите над ирачките покраини, погодувајќи ја командата на ДАЕШ и контролните објекти, како и резервите со оружје и борците.
Скандинавската земја се придружи во меѓународната коалиција за борба против ДАЕШ во октомври 2014 година. Данските авиони претходно учествувале во воздушните напади против ДАЕШ во Ирак, но не и во Сирија. Овие авиони минатата година се вратија во Данска за да бидат поправени.
Учеството на Данска во меѓународната коалиција вклучува седум борбени авиони Ф-16, а меѓу другото, тие имаат овластување да ја бомбардираат Сирија.