свет, Операција Извор на мирот

Во текот на операцијата „Извор на мирот“ загинаа 137 борци на Сириската национална војска

Во текот на судирот против терористите на ЈПГ/ПКК ранети се 508 борци на Сириската национална војска

Eşref Musa, Ömer Koparan  | 02.11.2019 - Обновена : 02.11.2019
Во текот на операцијата „Извор на мирот“ загинаа 137 борци на Сириската национална војска

ТЕЛ АБЈАД/РАС АЛ АЈН (AA) - Најмалку 137 војници на Сириската национална војска (СНВ) загинаа во текот на поддршката која овие опозициски сили на североистокот на Сирија ја пружија на Турските вооружени сили во спроведувањето на операцијата „Извор на мирот“, јавува Anadolu Agency (AA).

Турските вооружени сили на 9 октомври ја започнаа операцијата „Извор на мирот“ против терористичката организација ЈПГ/ПКК на источниот брег на Еуфрат за да ја обезбедат државната граница на Турција и во пограничниот појас на Сирија да воспостават безбедна зона за доброволно враќање на бегалците.

На турските сили на теренот поддршка во борбата им пружи Сириската национална војска, која претходно беше позната под името Слободна војска на Сирија.

СНВ моментално работи на откривање и отстранување на минско-експлозивните направи кои терористите на ЈПГ/ПКК ги оставија по повлекувањето во Тел Абјад и Рас ал Ајн.

Во текот на судирот против терористите на ЈПГ/ПКК ранети се 508 борци на СНВ.

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, претходно рече дека борците на СНВ во борбите против терористите на ЈПГ/ПКК покажаа голема храброст и остварија големи успеси.

Шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, кон крајот на минатиот месец рече дека истите борци под називот Слободна војска на Сирија и претходно даваа голема поддршка во турските операции „Штитот на Еуфрат“ и „Маслинова гранка“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın