Mehmet Akif Parlak
10 Октомври 2019•Ажурирај: 10 Октомври 2019
ШАНЛИУРФА (АА) – Во градот Тел Абјад, северна Сирија, преовладува тишина откако синоќа беше погоден со артилериски оган во рамките на операцијата „Извор на мирот“, чија цел е оневозможување формирање на терористички коридор до јужната граница со Турција и воспоставување мир и спокој во регионот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на операцијата на Турските вооружени сили (ТСК) и Сириската национална војска (СНВ), започната против терористичките организации ЈПГ/ПКК и ДАЕШ во северна Сирија, синоќа до полноќ со артилериски оган беа гаѓани терористичките позиции во околината на Тел Абјад. Интензитетот на артилерискиот оган доцна во ноќта беше намален.
До разденување во Тел Абјад и околината немаше судири, а во центарот на градот преовладува тишина.
Припадниците на терористичката организација, кои пред почетокот на операцијата беа стационирани на позициите, утринава ги немаше.