Burcu Arik
07 Октомври 2016•Ажурирај: 08 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - Турската армија соопшти дека гаѓала најмалку 49 цели на ДАЕШ во северна Сирија рано утринава, како дел од операцијата „Штитот на Еуфрат“, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението, Турските вооружени сили велат дека 49 цели на ДАЕШ се погодени со 153 проектили од хаубици „фиртина“ и 116 проектили од неколку ракетни фрлачи.
Од почетокот на операцијата „Штитот на Еуфрат“, вкупно 119 населени области во речиси 1.000 квадратни километри од територијата во северна Сирија се расчистени од елементите на ДАЕШ.
Повеќе од 1.990 цели се уништени со над 7.701 истрел од турските хаубици „фиртина“.
„За време на операцијата, девет опозициски војници загинаа додека триесет и двајца се повредени. Немаше жртви во турската армија“, соопшти армијата.
Покрај тоа, турските воени авиони уништија 18 цели во воздушната операција во регионот.
„Бројот на загинатите терористи е непознат, а 15 згради користени од страна на ДАЕШ се уништени во операцијата“, се додава во соопштението.
Турската операција „Штитот на Еуфрат“, започна на 24 август, со цел за зајакнување на граничната безбедност, поддршка на коалициските сили и елиминирање на заканата од терористичките организации, особено од ДАЕШ.