Selman Aksünger
10 Октомври 2019•Ажурирај: 11 Октомври 2019
АМСТЕРДАМ (АА) - Европската полициска агенција (Европол) подготви извештај под наслов „Проценка на заканата од организиран криминал преку интернет 2019 (IOCTA)“, според кој, додека се забележува раст во штетата што киберкриминалот ѝ ја нанесува на економијата, криминалците се фокусираат на цели со повисок профил, јавува Anadolu Agency (AA).
Европол го објави извештајот „Проценка на заканата од организиран криминал преку интернет 2019 (IOCTA)“.
Во извештајот се вели дека зголемувањето на штетата што киберкриминалот ѝ го нанесува на економијата истакнува дека криминалците се фокусираат на цели од повисок профил.
Во извештајот се вели дека поголемиот дел од киберкриминалот не се должи на развиената технологија, туку потекнува од постоечките слабости на системот, наведувајќи: „Додека се фокусираме кон новите технологии и вештачката интелигенција, во исто време потребно е да се преземат превентивни мерки за да може постоечкиот киберпростор да го доведеме во побезбедна состојба.“
Најраспространет киберкриминал според извештајот на ЕУРОПОЛ е преземањето кориснички шифри и информации на корисниците, нивно менување и барање откуп како возврат за нивно враќање. Надлежните органи истакнуваат дека е потребно да се биде подготвен наспроти крипто парите и новите закани.
Во овогодинешниот извештај за проценка од страна на ЕУРОПОЛ интересен е фактот дека во прв план се истакнуваат заканите кон поединци и држави, (Интернет на нештата) IoT отвореност на системот и DDoS-напади насочени кон спречување на пристапот кон интернет.
- „Потребно е заеднички да делуваме против киберкриминалот“ -
Димитрис Аврамопулос, комесарот на ЕУ за миграции, внатрешни работи и државјанство, за проценката во врска со извештајот изјави: „Потребно е заеднички да делуваме против киберкриминалот, бидејќи за тоа подрачје не се одговорни само државите, туку станува збор за простор во кој секој има своја одговорност.“
Аврамопулос го изрази и своето жалење што злоупотребата на децата продолжува да се шири преку интернет.
Џулијан Кинг, комесарот на Комисијата за безбедност на ЕУ, информираше дека е зголемен бројот на киберкриминални дела и истакна дека кога таквиот криминал се спроведува заедно со останатите конвенционални криминални дела, тој станува многу поголема закана.