Selman Aksünger
26 Ноември 2020•Ажурирај: 30 Ноември 2020
ХАГ (АА) – Европската полициска агенција (Европол) соопшти дека е спречена интернет-измама во износ од 40 милиони евра како резултат на операциите извршени во соработка со безбедносните единици на Италија и Унгарија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Европол се наведува дека украдени се информации за кредитни картички што се користат при интернет купување од измамници и дека овие информации биле продадени на други.
Како дел од операцијата, од страна на експерти за компјутерски криминал на Европол испитани се 90 илјади кредитни картички.
Едвардас Силерис, раководителот на Европскиот центар за киберкриминал, во својата изјава за операцијата нагласи дека била спречена интернет измама од 40 милиони евра.
Од друга страна, 34 илјади корени канабис се запленети во рација на пет адреси каде стигнале високи сметки за електрична енергија во операција спроведена од Европол во Шпанија.
Се наведува дека во операцијата приведени се 17 лица.