Ekipa
01 Април 2017•Ажурирај: 02 Април 2017
МАДРИД (АА) - Шпанската полиција соопшти дека уапсила 38 лица и открила криминална група која се занимава со измами со кредитни картички на меѓународно ниво, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата денес објави дека се уапсени членовите на групата која се специјализирала за злоупотреба и лажно користење на кредитни картички во меѓународното банкарство, со што оствариле незаконска корист од преку 1,5 милиони евра.
Оштетените банки воглавно се со седиште во Италија, Велика Британија, САД, Австралија и Германија.
Полицијата наведува дека групата создала виртуела туристичка агенција која се занимавала со онлајн продажба на авионски и возни билети, резервации на хотелско сместување, рент-а-кар услуги и продажба на други услуги, и на добавувачите им плаќала со злоупотребени кредитни картички.
Групата соработувала со претпријатија од Мадрид, Севилја, Кадиз, Малага и Кордоба кои го прифаќале плаќањето со злоупотребени картички за процент од профитот.