İlker Girit
10 Мај 2016•Ажурирај: 10 Мај 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Антикорупциската полиција уапси 35 лица во повеќе градови низ Турција, синоќа, осомничени за извозна измама, соооштија од полицијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Шестмина царински службеници и вработени во министертвото за финансии се меѓу приведените во апсењата во Истанбул, Анталија и Мугла.
Канцеларијата на Главниот јавен обвинител во истанбулското предгадие Бакиркој издаде налог за апсење против 58 лица осомничени за вмешаност во групата.
Синдикатот, кој е раководен од страна на четири лица, објавил документи со детали за извоз на текстил вреден 272 милиони долари. Во реалност стоката е продадена на домашниот пазар, избегнувајќи данок, соопштија од обвинителството.
Со измамата, како што се наведува, Турција е оштетена за 37 милиони долари изгубен приход.
Извозната измама попозната како „фиктивен извоз”, се врати во последните години како резултат на извозните стимули.