Yusuf Hatip
26 Октомври 2016•Ажурирај: 27 Октомври 2016
ИСЛАМАБАД (АА) - Во Пакистан приведена е Шарбат Гула која во 1985 година ја сликаше фотографот Стив МекКери и којашто истата година во јунскиот број на списанието 'National Geographic' насловена како „Девојката од Авганистан" беше поставена на насловната страница, јавува Anadolu Agency (AA).
Гула чиј лик беше поставен на насловната страница на списанието 'National Geographic', благодарение на нејзиниот поглед и зелените очи се прошири во целиот свет и стана симбол на авганистанската војна и емигрантите, приведена е од страна на Федералната пакистанска агенција за истрага (ФИА) под образложение за фалсификуван идентитет.
Исто така објавено е дека се бараат и луѓето коишто на Гула и овозможиле фалсификуван идентитет. Гула живее во градот Пешавер во северозападен Пакистан.
Надлежните на Пакистан соопштија дека доколку се докаже дека Гула е виновна, може да биде осудена на 14 години затвор.